„Шарената револуција“ повика на масовен протест в понеделник
На Фејсбук страницата „Шарена револуција“ повика на масовен протест в понеделник во 18 часот пред СЈО.
Велат дека 6 јуни е датум кога сите ние дознавме за свирепоста, бруталноста и способноста на власта да сокрие убиство на дете – Мартин Нешковски.
„Два месеца неуморно протестираме за слобода, правда и еднаквост. Ширум Македонија, десетици илјади граѓани во последниве 55 дена излегоа на улиците, а можеме само да претпоставиме уште колку има кои поради притисок и закани не смеат да протестираат. Наша прва победа е одложувањето на криминалните избори кои требаше да се случат оваа недела. Но, два месеца протестираме и против аболицијата на криминалците од власта. Токму тие криминалци не сакаат мирно да се повлечат и да им се суди за нивните злодела.Досега им дадовме доволно време! Дојде часот да ставиме крај на оваа криза!“ - велат од „Шарената револуција“.
Тие задутре ќе соопштат бескомпромисен план за излез од кризата, со цврсти рокови од кои нема отстапувања.
