„Шарената револуција“ повторно ќе протестира в понеделник
„Шарената револуција“ најави нов протест за в понеделник во 19 часот, пред Специјалното јавно обвинителство.
Правдата е под сериозна закана, сметаат тие.
„Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам! Продолжуваме, се вклучуваме во решавањето на кризата“-пишуваат од движењето на Фејсбук.
Протестите траат повеќе од два месеци.
На 20 јуни демонстрантите од „Шарената револуција“ се обидоа да го урнат споменикот на Прометеј во паркот Жена-борец во Скопје.
Слично
