Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“ одобројува, остануваат уште шест дена

„Шарената револуција“ одобројува, остануваат уште шест дена

„Шарената револуција“ одобројува до 18 јуни кога ќе истече рокот за исполнување на барањата кои ги испорачаа до надлежните.

„Последниве денови слушнавме еден куп ветувања од страна на Груевски, кој одново бил реформски расположен. Од неговите ветувања овие 10 години единствено видовме задолжена држава, егзодус на граѓани и институции заробени од партијата. Граѓаните знаат дека Груевски не може да спроведува реформи! И порачуваме на власта и надлежните институции дека остануваат уште 7 дена до 18 јуни, рокот за целосно стопирање на прогонот врз демонстрантите и за потврда на уставноста на СЈО“- велат од „Шарената револуција“.

Тие бараат Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот на демонстрантите, односно да се повлечат сите пријави од МВР заради учество во протестите.

Во низата барања се оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори. Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија и Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.

Ако овие барања не се исполнат, рекоа дека правдата ќе ја земат во свои раце.

Два месеци револтот не запира откако шефот на државата, Ѓорѓе Иванов аболицираше 56 политичари. Потоа делумно, па и целосно беше повлечена аболицијата.

Слично

Поврзани вести