Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шарената револуција не запира-Протестантите се враќаат на улица!

Шарената револуција не запира-Протестантите се враќаат на улица!

Продолжуваат протестите на „шарената револуција“.

Револтот тргнува повторно пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Ова е веќе четврта недела како движењето „Протестирам“ одржува демонстрации кои воглавно се мирни,  а од власта засега молчат по барањата на протестантите.

Демонстрантите, кои истрајуваат на барањата за повлекување на одлуката  на Иванов за аболиција на политичари вмешани во аферата „прислушување“ и одложување на вонредните избори закажани за 5 јуни, поддршка пружа и здружената опозиција и албанската партија Беса.

Движењето „Протестирам“ под мотото „нема правда, нема мир“ интензивно ги продолжува антивладините протести и во Струмица. Паралено собирите се шират и во Гевгелија која за прв пат на протест ќе излезе во среда.

Вчера Повелбата за солидарност на синдикатите и здруженијата за работнички права организираше протестен марш против систематското погазување на правата и достоинството на работниците и работничките.

На маршот по повод Меѓународниот ден на трудот, учесниците го испратија својот првомајски проглас до власта за подобрување на позицијата на работниците, против непочитувањето на работничките и достоинството на работничката класа.

Слично

Поврзани вести