Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“ најави нов протест за утре пред СЈО

„Шарената револуција“ најави нов протест за утре пред СЈО

Демонстрантите од „Шарената револуција“ најавија нов протест утре, во 18 часот, пред СЈО.

Ќе им порачаат на властите дека одбројуваат и дека нивните барања се бескомпромисни.

„Поминаа три дена откако Иванов целосно ја повлече аболицијата и откако прецизно ги испорачавме нашите црвени линии и рокови. Власта молчи, Уставниот суд молчи, институциите на прогонот молчат. Време е за нов крик, време е да ги потсетиме дека до 18 јуни Уставниот суд мора да се произнесе за уставноста на СЈО за да сме сигурни дека правдата ќе биде заштитена. Повторно ќе бидеме на улица, повторно ќе протестираме! Да им кажеме дека одбројуваме до 18 јуни. Да им кажеме дека мора да бидат ослободени сите приведени демонстранти и да бидат повлечени сите пријави од МВР кон нашите соброки и соборци“ - порачуваат тие.

Бараат оставка од актуелната влада на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори.  Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија. Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата претседател на Република Македонија.

Претходно протести имаше скоро два месеци.

Слично

Поврзани вести