Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“ на штрек – ќе следи дали се реализира договорот

„Шарената револуција“ на штрек – ќе следи дали се реализира договорот

„Шарената револуција“ на својата Фејсбук страна пишува дека ќе биде на штрек и ќе следи дали се реализира договореното меѓу партиите.

Велат дека договорот вчера беше постигнат без учество на граѓанското општество, но за нив борбата продолжува.

„Ова повторно го наметнува сомнежот дека партиите од власта ќе ги искористат сите средства кои им се на располагање за да спречат спроведување на договореното. Ваквите ризици одново предизивикуваат губење на довербата во целиот процес. Поради тоа, не смееме да се откажеме од сржта на барањата на сите ние кои со месеци протестиравме по улиците - правда за граѓаните, казна за криминалците, демократизацијата на нашето општество, ослободување на институциите и надминување на оваа криза. Ова мора да биде процес во кој ќе бидат вклучени сите општествени чинители. Борбата продолжува! Мораме будно да го следиме спроведувањето на договореното и да бидеме свесни дека демократијата и владеењето на правото во Македонија нема да се случат кога ќе се одржат предвремените парламентарни избори. Оваа држава има системски проблеми кои се негувани и развивани со децении и нивното надминување не е и не смее да биде брз, површен и неиклузивен процес“ - пишуваат од „Шарена револуција“.

Велат дека во Владата и низ институциите  има криминалци и луѓе под истраги за тешки кривични дела и изборни манипулации. Тој проблем нема сам по себе да се реши со изборите, а за да има правда СЈО треба да може непречено да си ја врши својата работа, додаваат од „Шарена револуција“.
Затоа сметаат дека специјалното одделение во Кривичниот Суд, кое ќе постапува по предметите на СЈО, мора да биде формирано без никакво одлагање.
Слично

Поврзани вести