Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“ ќе го „блокира“ Скопје

„Шарената револуција“  ќе го „блокира“ Скопје

Демонстрантите од „Шарената револуција“ денеска во 12 часот, ќе го блокираат сообраќајот во Скопје.

Блокади ќе има на три крстосници во центарот на градот и тоа кај Судска палата, кај Црвениот крст и кај Соборниот храм.

„Преку блокирање на улиците ќе покажеме како всушност изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните“- се вели во повикот објавен на Фејсбук.

Демонстрантите апелираат за разбирање и толеранција од скопјани и наместо да се лутат да свирнат за поддршка.

Блокадата е дел од новите акции, кои ќе ги заменат протестите што скоро два месеци во 18 часот почнуваа пред СЈО.

Во понеделникот движењата „Шарена револуција“ и „Протестирам“  побараа до 18 јуни да се исполнат двете клучни барања – Уставниот суд да се произнесе за уставноста на СЈО и да запре прогонот врз демонстрантите.

Слично

Поврзани вести