Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“ денеска протестира против корумпираните политичари

„Шарената револуција“ денеска протестира против корумпираните политичари

Протестите на „Шарената револуција“ продолжуваат и денеска.

Тема на денешниот протест е корупцијата, а истиот почнува во 18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителстви.

„Власта е и треба да биде менлива, а лошата власт треба што пократко да трае. Во Македонија веќе не ги толерираме корумпираните политичари“, стои во повикот за денешнито протест на официјалната ФБ страна на движењето #‎Протестирам‬.

Од движењето велат дека СЈО како институција има за цел да го почне расчистувањето со широко распространетата корупција на највисоко државно ниво.

„Слушнавме како се употребуваат јавни институции за партиски цели. Како режимот користи инспектори за да се пресметува со противници. Како се договараат огромни провизии. Сето тоа е корупција. Корупција значи иструленост и расипаност. Корумпирани институции значат иструлени институции. Институции кои не работат за граѓаните туку против граѓаните. Во сето ова време, откако слушнавме за раширената корупција, Државната комисија за спречување на корупција молчеше. Денес ќе ги „поздравиме“ за овој нивен молк и ќе побараме одговорност.

Или со зборовите на поранешниот претседател на ДКСК: Ајде да ја искорениме корупцијата за век и векови амин.“, порачаа организаторите.

Денес протести ќе има во 12 градови.

На улиците излегуваат Скопје, 18ч., Ресен, 18ч, Струмица, 19ч, Гевгелија, 19ч30, Кочани, 18ч, Штип, 18ч, Куманово, 18ч30, Крива Паланка, 18ч ,Велес, 18ч30,Прилеп, 19ч, Битола, 18h  Охрид, 18h

Слично

Поврзани вести