„Шарената револуција“ денеска ќе протестира во три, утре во седум градови
„Шарената револуција“ повторно активна со протести во помалите градови ширум Македонија.
Протести денеска ќе има во Струмица, Штип и Прилеп, а утре во Гевгелија, Кочани, Тетово, Радовиш, Струга, Кичево и Кавадарци. Во главниот град засега протестите мируваат.
Барањата на „Шарената револуција“ се запирање на прогонот на демонстрантите и да се утврди уставноста на СЈО, а понатаму се бара оставка од Иванов, власта, решавање на кризата и други барања. Ултиматумот истекува во сабота.
До 18 јуни најверојатно ќе има и герила акции.
Слично
