„Шарената револуција“ денес се крева против делумната аболиција на Иванов
Не прифаќаме делумно повлекување на аболицијата од претседателот Иванов, порачаа од Шарената револуција коментирајчи го на тој начин денешниот потег на шефот на државата да ја повлече аболицијата за 22 политичари.
Протестантите велат дека селективната правда е неправда затоа вечерва ќе протестираат против Иванов кој додека суди кого да аболицира, а кого не, на нивните соборци им се продолжи притворот.
Во денешниот повик и најава за протест, организаторите бараат целосно и итно повлекување на аболицијата од 12 април 2016 година, а потоа итна и неотповиклива оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.
Тие на претседателот му рекоа ако не ја разбира оваа порака, ќе му ја соопштат на поедноставен начин пишувајќи „Хорхе, поништи ја целосно аболицијата и замини“.
Протестот и денес ќе почне пред Специјалното јавно обвинителство, а не се знае каде ќе се движи толпата.
