Шарената револуција денес на протест против аболицијата на Иванов
Во 18 ч пред СЈО и денес ќе стартуваат протестите на Шарените револуционери.
И денес ќе се протестира против аболицијата на претседателот Иванов со која одлука тој реши да помилува 56 лица кои се сомничат за криминал а меѓу нив се владини функционери и опозиционери.
Протестантите велат дека одлучно ќе продолжат со протести се додека не се исполнат нивните барања.
Во текот на вчерашниот протест демонстрантите во своите говори порачаа дека Уставниот суд допрва ќе треба да ја докажува својата автономност во одлучувањето, а владините функционери невиноста за делата за кои се теретат, бидејќи граѓаните, без оглед на честите промени на политичката ситуација, нема да отстапат од улица се до целосно исполнување на нивните барања.
