Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“:Да ги изолирате провокаторите

„Шарената револуција“:Да ги изолирате провокаторите

Од „Шарената револуција“ и „Протестирам“ ги осудуваат сите форми на насилство кон граѓаните без разлика од кого се тие иницирани.

Велат дека во времиња кога нашата држава тоне во автократија, ние мора да останеме присебни и обединети во борбата против оние кои сакаат да ни ја одземат слободата. Нашите оружја се храброста, аргументите и слободната мисла. Ја осудуваме секоја форма на агресија бидејќи тоа е јазикот на власта, додаваат тие.

„Нема да дозволиме изолирани случаеви да го оцрнат нашиот крик за слобода. „Шарена револуција“ и „Протестирам“ од ден во ден обединуваат се повеќе граѓани. Патот кон слободата е напорен и тежок. Иако е тешко во време на лудило да се остане со мирно срце, ве повикуваме да им одолеете на провокациите и да ги изолирате провокаторите. Тоа не прави нас различни од насилниците на власт. За време на денешната блокада на раскрсницата кај Соборен храм, едно лице преку упатување вербални закани и пцовки се обиде и делумно успеа да испровоцира помал инцидент. За среќа немаше повредени и лицето веднаш ја напушти локацијата“ пишуваат на Фејсбук.

Велат дека ќе водат ненасилна борба против режимот, бараат  воздржаност на ваквиот вид на провокации и поголема толеранција.

Инцидент денеска имаше кај Соборен храм, каде на блокадата човек провоцирал и еден од демонстрантите го удри.

Слично

Поврзани вести