Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарената револуција“ брои ситно, за денеска закажани нови протести

„Шарената револуција“ брои ситно, за денеска закажани нови протести

„Шарената револуција“ денеска ќе има нови протести и нови акции во Скопје.

Пред Основниот суд Скопје 1 претпладнево ќе се протестира за слобода на членовите на „Левица“, Здравко Савески и Владимир Куновски. Нивното судење беше одложено три пати досега и е закажано за денеска. Во 18 часот ќе се протестира пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство. Савески и Куновски 45 дена се во куќен притвор. Тие се обвинети за демолирање на канцеларијата на претседателот на државата, Ѓорге Иванов.„Шарената револуција“ бара нивно ослободување.

Демонстрантите вечерва со герила акција на крстосницата во близина на СЈО потсетија дека надлежните имаат уште девет дена да ги исполнат нивните шест барања меѓу кои се и Уставниот суд  да се произнесе за уставноста и законитоста на СЈО и да се ослободат сите приведени демонстранти. Тие со боја испишаа деветка,  во знак на девет дена кои остануваат до истекување на рокот. Ако власта нема слух за барањата, се заканија дека правдата ќе ја земат во свои раце.

Демонстрантите од „Шарената револуција“ протестираа скоро два месеци против одлуката на шефот на државата, Ѓорѓе Иванов да помилува 56 политичари, но неодамна ден пред доаѓањето на германскиот специјален пратеник, Јоханес Хајндл аболицијата беше целосно повлечена. Во повеќе наврати граѓаните преку герила акции укажуваа на лошото владеење и револтот од аболицијата.

Слично

Поврзани вести