„Шарената револуција“ бара Иванов да ја повлече аболицијата
Поддржувачите на „Шарената револуција“ и вечерва се пред СЈО од каде го почнуваат протестот и бараат претседателот, Ѓорѓе Иванов да ја повлече аболицијата, но и да се повлече од функцијата.
Граѓаните сметаат дека Македонија веќе нема време за губење и мора да се вратат правдата и демократијата, а секој што сторил кривично дело да одговара. На својот Фејсбук профил од „Протестирам“ најавија дека нема да се откажат од своите барања.
Во Скопје се протестира месец и една седмица.
Слично
