Шарена револуција: Време е граѓаните да станат дел од одлучувањето!
Понеделник, 19 часот пред СЈО.
Повик за масовно учество во протестот на Шарената револуција упатија денеска на последниот ден од ултиматумот кој активистите и го поставија на власта.
„Знаеме дека сме на вистинскиот пат, зашто борбата за правда е чесна борба! Дојдете, граѓанки и граѓани, одлуката зависи од сите нас. Време е ова наше движење да направи поместување во корист на граѓанските слободи. Време е граѓаните да станат дел од одлучувањето!“, велат од шарената револуција.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/06/18/mladite-poveke-na-protesti-otkolku-na-zhurki-po-diskoteki/" target="blank" ] Младите повеќе на протести отколку на журки по дискотеки![/button]
Синоќа со бакли беше означен крајот на одбројувањето и ултиматумот а на власта и Уставниот суд им пратија порака дека им останува уште еден ден до исполнување на нивните барања.
Активистите на оваа револуција која веќе два месеци секојдневно протестираат со разни акции бараат од Уставниот суд да го стави на дневен ред и да се произнесе за уставноста на Специјалното обвинителство, актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да поднесе оставка и да се формира преодна Влада која ќе ги примени реформските приоритети од извештајот на Прибе и ќе организира фер и демократски избори.
За нив Протестирам и Шарената револуција внесоа нов свеж воздух меѓу граѓаните. Иако демонстрантите добиваат разни квалификации и етикети, се борат со серија обвинувања,повикувани се на информативни разговори, трпат закани, издржаа куќни притвори, на оваа состојба вели мора да и се најде разумен крај кој ќе значи исполнување на поставените барања- Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство, запирање на прогонот врз демонстрантите,оставка од Владата на ДУИ и ВМРО- ДПМНЕ и формирање на преодна влада, како и формирање на специјално одделение во Кривичниот суд за случаите под јурисдикција на СЈО.
