Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шарена револуција вечерва на нозе од револт за свирепото убиство на Мартин Нешкоски

Шарена револуција вечерва на нозе од револт за свирепото убиство на Мартин Нешкоски

18 часот пред канцелариите на Специјалното јавно обвинителство.

Продолжуваат протестите на движењето „Протестирам“.

Според најавите шарените револуционери денеска ќе протестираат како што велат против  свирепоста, бруталноста и способноста на власта да сокрие убиство на дете.

„Шести јуни е датум со силно значење за сите нас, датум со крв врежан во нашите сеќавања. Ден кога сите ние дознавме за свирепоста, бруталноста и способноста на власта да сокрие убиство на дете - Мартин Нешковски. Пет години подоцна, на овој датум граѓаните се на нозе за правда! Ве повикуваме денес во 6 пред СЈО масовно да ги изразиме нашиот револт“, стои во повикот на Шарената револуција.

21 годишниот Мартин  во јуни 2011 година беше убиен на плоштадот Македонија од страна на припадник на „тигрите“, додека ВМРО-ДПМНЕ ја славеше победата на парламентарните избори. И оттогаш до денес целиот случај и покрај пресудата,  за семејството, но и за јавноста е една голема мистерија.

Братот на Мартин, Александар Нешкоски, за Фактор вели дека по смртта на неговиот брат ништо не е исто. Збунет е, гневен од се што се случува. Не верува во луѓето, уште помалку во политиката, разочаран е од манипулациите и интригите на оние кои по секоја цена сакале да го прикријат случајот убедувајќи се себеси и системот дека еден живот не вреди ништо. Но се излажале, правдината според Александар секогаш го стигнува виновникот, и што би рекла народната -”Правдината не  е врана да му ги ископа очите, но е скалило кое лека полека еден ден ќе го стигне секого!”.

Слично

Поврзани вести