Шарена револуција: Секој граѓанин во Македонија ЗАДОЛЖЕН СО НОВИ 33О ЕВРА!
Утре Шарената Револуција ќе одржи протест против рапидниот раст на задолжувањата во Македонија, а особено поврзан со последната најава за издавање еврообврзница тешка 650 милиони евра.
Тоа е фрапантна сума за земја како Македонија, сметаат и експеритите, но и поголемиот дел од опозиционите партии.
Од Шарената револуција пресметале дека секој македонски граѓаник ќе биде задолжен за нови 330 евра со земањето на еврообврзницата. Веќе секој македонски граѓани должи по 2200 евра.
Вчера СДСМ ја повика Владата да се откаже од задолжувањето, а на Министерот Миноски му порача дека прави кривично дело. Партијата ги повика и странските банки да не влегуваат во оваа зделка со Македонија
Слично
