Шарена револуција се придружува на бојкотот на студентите, вечерва протест пред СЈО!
Шарената револуција повикува на масовна поддршка за студентксиот пленум кој заедно со професорите во моментов ја блокираа со жив штит ректорската управа.
Тие на социјалната мрежа упатија повика до сите граѓани: „Дојдете пред Ректоратот на УКИМ да спречиме нелегитимен избор на нов Ректор“.
Како што претходно соопштивме денеска треба да се знае кој ќе биде новиот ректор на УКИМ, а студентите го блокираа влезот пред ректорската зграда поради тоа што нелегитимни претставници од студентите учествуваат во изборот на ректор.
Имено, за вечерва во 19 часот е закажан нов протест на Шарена револуција пред канцелариите на СЈО.„Правдата е под сериозна закана. Протестирам! Уставниот суд е под партиска опсада. Протестирам! Груевски и Иванов им се закануваат на граѓаните. Протестирам! Власта сака да преговара тајно. Протестирам! Власта не сака да се чуе мислењето на граѓаните. Протестирам!
