Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА: Оваа власт реагира единствено на силен притисок и гласни граѓани

ШАРЕНА РЕВОЛУЦИЈА: Оваа власт реагира единствено на силен притисок и гласни граѓани

Во среда точно напладе шарената револуција најави блокади на неколку клучни раскрсници во центарот на Скопје.

Ќе бидат блокирани раскрсницата кај Судска палата, кај Црвениот крст и кај Соборниот храм.

Ова е дел од новата стратегија која ја почнуваат демонстрантите од движењето „Протестирам“, а кон истата може да се приклучат сите граѓани.

„Нашиот протест ќе биде мирен и достоинствен. Преку блокирање на улиците ќе покажеме како всушност изгледа со години нашaта земја. Ние живееме во блокирана држава, со блокиран пристап до правда, со блокирани и партизирани институции. Ќе го оневозможиме движењето како што со години оваа власт ја оневозможува еднаквоста пред законот и слободата на граѓаните“, велат шарените револуционери.

Имено, тие повикуваат на масовна блокада на овој протест и заедно да испратат силна порака на единство и одлучност.

„Резултатите од нашиот труд веќе се видливи, бидете сигурни дека ништо досега не беше залудно. Сега продолжуваме посилно. Свесни сме дека овој пат е тежок, но исто така сме убедени дека друг пат не постои. Само со истрајност во протестите ќе ја принудиме оваа власт да ги исполни нашите демократски барања.

Ги повикуваме сите кои не можат да се приклучат на разбирање и толеранција. Наместо да се лутите, свирнете за поддршка. Сетете се, се што бараме е правда и еднаквост за сите нас. Ова е нешто што секој треба да го поддржи“, велат демонстрантите.

Опозицијата како најголема партија денеска преку прес конференција соопшти дека целосно ги поддржува граѓаните кои веќе два месеци секојдневно протестираат барајќи правда.

Слично

Поврзани вести