Шарена револуција: „Еднопартиски избори – не може“
Вчера продолжија протестите во главниот град, но овој пат под мотото „Еднопартиски избори 0 не може“. Демонстрантите со боја го сардисаа Собранието, а потоа и зградата на МНР.
Протестот како и обично почна пред зградата на Специјалното јавно обвинителство, а сличен протест се одржа и во Битола.
Државната изборна комисија требаше во текот на денот да утврди дали постојат услови за одржување на предвремени парламентарни избори на 5 јуни,на кои учество најави само една коалиција ВМРО-ДПМНЕ на екс премиерот Никола Груевски.
Останатите партии кои не поднесоа изборни листи сметаат дека Собранието треба да ја поништи одлуката за одржување на избори на 5 јуни со оглед на тоа дека, за тоа не се стекнати услови-пречистен список и слобода на медиумите.
Инаку, од вчера официјално почна изборната кампања.
