Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарена револуција“ денеска во Скопје и уште многу градови ширум земјава

„Шарена револуција“ денеска во Скопје и уште многу градови ширум земјава

Антивладините протести и „Шарената револуција“ денес ќе бидат за поддршка на Мартин Нешкоски, момчето кое до смрт беше претепано а надлежните се обидоа безуспешно да го сокријат убиството.

Како во главниот град така протести ќе има и во Делчево, Битола, Охрид, Кочани, Куманово, Радовиш, Прилеп, Струмица, Гевгелија, Ресен, Крива Паланка.

„Денес е 5 мај! Денес е една година откако слушнавме како Груевски, Јанкулоска, Мијалков и нивните соработници се обидоа да скријат убиство! Денес е една година откако полицијата насилно влезе и удри по студентите во библиотеките! Денес е 5 мај! Тие се на слобода, но ние сме на нозе!“-стои во најавата на движењето Протестирам  кое е организатор на протестите.

Протетсите како што добро знаете се во знак на револт поради одлуката на претседателот Ѓорге Иванов со аболицијата од 12 април да ги заштити од одговорност политичарите вмешани во аферата „прислушување“ во услови на замрзнат политички дијалог на странски посредници за излез од се подлабоката криза во која земјата тоне.

И во синоќешните протести се бараше повлекување на аболицијата, оставка од Иванов, одложување на вонредните избори закажани за 5 јуни и вклучување на граѓанскиот сектор во политичките преговори за решение за излез на земјата од кризата. Истовремено се повторуваат и барањата за формирање на експертска влада која ќе подготви фер и слободни избори.

Во Скопје синоќа по веќе востановена програма протестот почна пред зградата на Специјалното јавно обвинителство СЈО со пружање на поддршка во расветлување на скандалот со прислушувањето откриен од така наречените „бомби“ на опозицијата од проектот на СДСМ на Заев.

ГЕРМАНИЈА СЕ ВКЛУЧУВА ВО ПОСРЕДСТВОТО

Шефот на германската дипломатија, Франк Валтер Штајнмаер, го назначил амбасадорот Јоханес Хахјндл за специјален посредник за Македонија, кој би требало да посредува во решавање на политичката криза.

Тој како што е прецизирано, во координација со претставниците на ЕУ, и САД во Скопје ќе посредува во решавања на кризата.

Слично

Поврзани вести