Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Шарена револуција“ даде ултиматум до 18 јуни, на 8 ќе го блокираат Скопје

„Шарена револуција“ даде ултиматум до 18 јуни, на 8 ќе го блокираат Скопје

„Шарената револуција“ даде ултиматум до 18 јуни за исполнување на нивните барања, на 8 ќе го блокираат Скопје.

Се бара Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот врз демонстрантите, а тоа значи да се ослободат сите приведени кои учествуваа во протестите од 12 април па наваму и да се повлечат пријавите од МВР за сите останати демонстранти.

„Наши соборци ги држат во притвор повеќе од еден месец. Наши сограѓани и сограѓанки ги повикуваат на информативни разговори, а поднесени се кривични пријави за повеќе од 30 граѓани. Не приведуваат, не оцрнуваат, но никогаш нема да не заплашат. Оваа хајка мора да престане. Бараме итно ослободување на сите приведени демонстранти и запирање на сите форми на притисок врз слободните граѓани кои го искажуваат својот револт “– рече Симона Спировска од „Шарената револуција“.

Рокот за исполнување на овие барања е 18 јуни. Но, се бара и оставка од актуелната влада и формирање на преодна влада која докрај ќе ги спроведе итните реформски приоритети од извештајот на Прибе и ќе создаде услови за фер избори. Формирање на специјално одделение во кривичниот суд, надлежно за случаите под јурисдикција на СЈО. Задолжително вклучување и присуство на независни претставници на граѓанското општество во процесот на решавање на кризата. Процесот на решавање на кризата да се одвива на територија на Република Македонија. Оставка на Ѓорѓе Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија.

Слично

Поврзани вести