Шар Планина има потенцијал за национален парк
Oд граѓаните кои живеат близу Шар Планина, 83% сметаат дека овој предел треба да биде прогласен за национален парк.
Вака се изјасниле 410 испитаници од 30 населени места. Истражувањето спроведено од платформата Пријателите на Шара, ќе бидат доставено до државните органи. Ова истражување покажало дека голем процент од населението знае кои се придобивките од прогласување национален парк.
Граѓаните во полошко очекуваат позитивни промени ако Шар Планина се прогласи за национален парк.
Од анкетираните граѓани, 83 % од испитанците сметаат дека планината има потенцијал за развој на планинскиот туризам, а скоро сите граѓани се сложуваат производите од Шар Планина да ја имаат назнаката ЕКО производ.
Резултатите треба да помогнат во забрзување на постапката за прогласување на Шар Планина за национален парк, иницијатива од пред 20 години, која досега не е имплементирана.
Слично
