Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шапуриќ има акции во 11 компании, Филипче во четири

Шапуриќ има акции во 11 компании, Филипче во четири

Истражувањата на СКУП во рамките на проектот ПЕП, објави дека министерот без ресор за подобрување на инвестициската клима Зоран Шапуриќ има акции во 11 компании што е потврдено од негова страна со тврдење дека уделот е незначителен.

Станува збор за удели во Гранит – 30 акции, Телеком – 150 акции, ЗИК Пелагонија – 10, Жито Лукс – 60, Тетекс – 25, Макстил – 190, Алкалоид – 15, РЖ Услуги – 90 како и во ТТК Банка – 50, Стопанска банка – 350 и Комерцијална банка – 20.

Станува збир за 900 акции со вкупна вредност од околу 11.000 евра, што, како што вели Шапуриќ може да се провери и во институциите. Повеќето од овие акции, тврди, се безвредни. 

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми, навел дека има акции во Кожарско Преработувачки Комбинат – Куманово.

Мила Царовска, министерката за труд и социјална политика,  пријавила акции кои се во сопственост на нејзината мајка во винарската визба Попова кула, а дел во Комерцијална банка.

Кочо Анѓушев, заменик претседателот на владата, кој е задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори има 80% удели во компанијата „Фероинвест“, а неговата сопруга во „Офис рент“.

Неодамна порталот Лидер објави дека 458-те акции кои министерот Венко Филипче ги поседува се во 4 компании, од 2008 година без промена и тоа во: „Макстил“ АД, ДГ „Бетон“ АД, ГД „Гранит“ АД и „Макпетрол“ АД.


Слично

Поврзани вести