Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШАНГАЈСКА ЛИСТА: Белград меѓу првите 300, Загреб испадна

ШАНГАЈСКА ЛИСТА:  Белград меѓу првите 300, Загреб испадна

Харвард 14 години е најјак факултет на светот. 

Србија е јака во областа на прехранбената технологија и е на високото 35-то место. 

Универзитот во Белград ја задржа својата позиција на Шангајската листа со 500 најдобри универзитети, така што се наоѓа меѓу 201 и 300 место. 

Другите универзитети не влегоа во оваа друштво, но за потсетување за прв пат неодамна по области влегоа Нишкиот, Новосадскиот и универзитетот од Крагуевац. 

На табелата Србија има подобра позиција во однос на лани. 

Српски универзитет за прв пат има најдобра позиција од 2012 година од кога е влезен на листата. 

Кембриџ ја подобри позицијата и сега е трети, а минатата година беше четврти во светот. 

Универзитетот од Љубљана е меѓу 401 и 500 место, и тој е единствен од бивша СФРЈ на листата. 

Загребскиот лани беше во последните 100, а сега испадна од листата. 

Шангајската листа од 2003 година ја објавува кинескиот Универзитет Циао Тонг, иако критериумите се дискутабилни, но сепак таа е најдобра во светот. 

Слично

Поврзани вести