Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шалтерите на Катастарот ширум земјава утре нема да работат

Шалтерите на Катастарот ширум земјава утре нема да работат

Од Агенцијата за катастар на недвижности ги ги информираа граѓаните и професионалните корисници (нотари, геодетски компании, извршители општини и др.) дека на 01,12.2015 (вторник) како и на 07.12.2015 (понеделник)електронскиот шалтер како и шалтерите во Центарот за катастар на недвижност - Скопје како и одделенијата за катастар на недвижности низ Македонија нема да бидат во можност да примаат барања како и да издаваат податоци.

Причината за непримање на барања и неиздавање на податоци е надоградба на електронскиот систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата.

„Агенцијата за катастар на недвижности следејќи ги модерните трендови и современите информатички технологии ќе изврши надоградба на својот електронски систем со нови хардверски решенија кои се последен збор на технологијата“, соопштуваат од агенцијата.

Оттаму потенцираат дека после надоградбите на електронскиот систем и хардвер, катастарот ќе ги подобри своите капацитети за реализација на идните проекти,ќе се зголеми безбедноста на податоцитеиќе се подобри брзинатана решавањето на предметите и издавањето на податоците.

Слично

Поврзани вести