Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шајноски: Пазарот на осигурување е стабилен, има можност за силен раст во иднина

Шајноски: Пазарот на осигурување е стабилен, има можност за силен раст во иднина

Финансискиот систем е стабилен, а исто така и осигурителниот сектор, кој има висока ликвидност и голем потенцијал за раст, изјави денеска професорот Крсте Шајноски, претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Шајноски вели дека регулаторите презеле мерки со кои е обезбедена стабилност на финансиските институции и дека не треба граѓаните да стравуваат. Вкупната актива на осигурителниот пазар е 23,9 милијарди денари, а неговото учество во финансискиот систем е 3,5 проценти, што според Шајноски е мало, но е можност за раст во иднина.

„Вкупната актива на осигурителниот пазар е 23,9 милијарди денари, и пенетрацијата која осигурувањето ја има во финсискиот систем е 3,5 проценти што е исклучително мало учество во споредба со останатите развиени земји. Прашање кое се наметнува е како сите заедно да ги изградиме подеднакво јаки столбовите на финансискиот систем. Ние живееме во банко-центричен финасиски ситем каде со 85 отсто од финасискиот систем доминира комерцијално банкарство, вели Шајноски за Утрински брифинг и додава дека финасискиот систем претставува крвотокот на економијата и не може да се има квалитетна економија без правилно развиен финасиски систем.


Слично

Поврзани вести