Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шахпаска за следната година најавува илјадници нови „социјалци“

Шахпаска за следната година најавува илјадници нови „социјалци“

Според министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, ако продолжи корона кризата, догодина се очекува во системот за социјална заштита да влезат уште 6.000 нови семејства. 

Во моментов во системот има 32.500 семејства, а од февруари годинава се зголемиле за нови 5.500.

– Ние не ставаме лимит, нема ограничувања, системот ќе биде отворен и ќе ги регрутира сите граѓани кои навистина имаат потреба да влезат како корисници на гранатирана минимална помош, истакна министерката по настанот за социо-економското влијание на Ковид-19, рече министерката.

Таа најави дека за оние што не успеале да аплицираат за државната еднократна помош од 6.000 денари, Владата ќе размислува во следниот период со некоја нова мерка да бидат опфатени.

– Социјалната реформа донесена лани, годинава беше ставена на тест и ги покажа резултатите во смисла на олеснување на животот на граѓаните во овој период. Ги спуштивме критериумите за нивен полесен влез во системот на социјална заштита, свесни дека пандемијата ги доведе во многу незавидна положба. Предизвикот не е завршен, но денес, по 10 месеци имаме многу поголемо искуство, заклучи министерката.



Слично

Поврзани вести