Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шахпаска: Времетраењето на вработување на определено време ќе биде променето

Шахпаска: Времетраењето на вработување на определено време ќе биде променето

Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, најавува дека со новиот Закон за работни односи ќе се намали времето на можноста за вработување на определено време.

– Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира сигурна работна сила и за следната сезона и породилно отсуство чиј концепт го менуваме и воведуваме родителско отсуство и за татковците, објави Шахпаска на својот Фејсбук профил.

Министерката прво очекува експертската јавност да го даде своето мислење на јавната расправа за овој Закон. 


Слично

Поврзани вести