Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шахпаска: Очекувам повлекување на амандманите за пензионирање на 64 години

Шахпаска: Очекувам повлекување на амандманите за пензионирање на 64 години

Јагода Шахпаска, министерката за труд и социјална политика, на денешната прес-конференција рече дека очекува во наредниот период во Собранието да бидат одблокирани измените на Законот за работни односи, со кои мажите ќе одат задолжително во пензија на 64 години, како и жените, кои сепак ќе можат тоа со барање да го сторат две години порано.

- Законското решение за одење во пензија со 64 години се наоѓа во Собранието. Знаете дека во изминатиот период дека постоеја 482 амандмани конкретно за Законот за работни односи кој што е системскиот закон на кој понатаму се повикуваат и другите закони како лекс специјалис. Моите сознанија се дека ќе биде деблокиран и дека ќе продолжи собраниската процедура. Дека ќе бидат повлечени амандманите и дека ќе продолжи понатаму процедурата, одговори Шахпаска на новинарско прашање.

Шахпаска додаде дека оваа година не е предвидена дебата за најавениот владин проект за можност за откуп на пензиски стаж до пет години, односно за предвремено пензионирање, и како што рече таа, приоритет во 2021 ќе биде гласањето на законите за пензионирање на 664 години и регулирањето на работата во недела.

Според предлог-измените, жените ќе се пензионираат на 64 години како и досега, но и натаму ќе имаат право, доколку сакаат, да одат во пензија со навршени 62 години, но и со најмалку 15 години работен стаж. Мажите задолжително ќе се пензионираат на 64 години и 15 години работен стаж. Отстапки ќе има само за дефицитарни професии во здравството и образованието.


Слично

Поврзани вести