Економија, финансии, бизнис

Контакт

Шахпаска: Намалување на договорите на определено време

Шахпаска: Намалување на договорите на определено време

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска во „Топ Тема“ на Телма најави промени во времетраењето на договорите на определено време.

Според актуелните рокови, тие може да траат пет години пред да се трансформираат во договори на неопределено време. Шахпаска во иднина најави можност за нивно намалување.

-Работниците бараат 1 година, а работодавачите 3 години. За ова решение ќе престои широка и инклузивна  јавна дебата, по која ќе треба да се најде баланс помеѓу двете барања . Договорите на неопределено време сеуште генерираат  сигурност во делот на социјалните трансфери и  права кои произлегуваат од работниот однос, најави Шахпаска во гостувањето.


Слично

Поврзани вести