Сезонски попусти во Македонија само по десет дена од септември и декември
Со новиот Закон за заштита на потрошувачи кој беше изгласан во Собранието, а треба да стапи на сила од идната недела, сезонски попусти ќе има само два пати годишно. Сезонско намалување продавниците ќе имаат:само во периодот помеѓу 25 август и 25 септември во тековната година, и зимско сезонско намалување во периодот помеѓу 25 декември од тековната и 25 јануари од наредната година.
Во новите законски решенија се издвојуваат нечесните, измамничките и агресивните трговски практики за кои се предвидуваат и повисоки санкции, со цел да се спречи и нелојалната конкуренција и профитерство на грбот на потрошувачите.
Акција за еден или повеќе производи ќе може да трае најмногу 30, а промоција само 8 дена. Белата техника или друг производот же може да се замени со нов ако два пати се расипе од иста причина во гарантен рок. Трговецот нема да смее да го вознемирува потенцијалниот купувач и да го наведува да купи производ кој вообичаено не би го купил.
Почетокот на попустот на одреден производ ќе мора да се назначи со датум. Трикратно прелепување на „првичната превисока“ цена за да мислите како сте го начекале производот на трето, четврто намалување, не е дозволено.
