Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сезона на дивиденди: каде да ги вложите вашите пари?

Сезона на дивиденди: каде да ги вложите вашите пари?

Дивидендите мамат! Колкав е принос од акциите кои носат дивиденди доколку решите да ги извлечете вашите пари или дел од нив кои сега ги чувате како депозити, влогови или само лежат на вашите банкарски сметки...

Започна сезоната на дивидендите. Април е месец во кој акционерите ќе се „омрсат“ и ќе го добијат заслуженото и чеканото „појачување“ на нивните банкарски сметки. Корпоративна Македонија ќе одбележи уште една година, која е подобра од претходната затоа што системот функционира поефикасно, дивидендите стигнуваат порано, а веројатно ова ќе охрабри и нови инвеститори на нашиот пазар на капитал.

Да тргнеме со ред: досега 11 компанија ги објавија дневните редови за акционерски собранија, а кај неколку од нив тие веќе и се одржаа и кај секоја од тие 11 компании има предлог одлука за доделување дивиденда.

Најголема дивиденда во апсолутен износ ќе додели „Реплек“ и таа изнесува 3.998 денари нето. Најрано дивиденди ќе исплатат прилепски Мермерен комбинат, ТТК Банка и Комерцијална банка.

Доколку уште не сте одлучиле дали да вложите во акции кои носат дивиденда „Фактор“ за вас, почитувани читатели, ги издвои и систематизира во табеларен преглед најважните податоци за носителите на дивиденда:



Р. Ф.

Слично

Поврзани вести