Североисточниот регион има најмало учество во БДП на државата
Најголемо учество во БДП на државата има Скопскиот, а најмало Североисточниот регион.
Дефинитивните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека во 2019 година, најголемо учество во бруто домашниот производ имал Скопскиот регион со 43.4 отсто, а најмало е учеството на Североисточниот регион со 4.8 отсто. Поголем бруто-домашен производ по жител, во однос на просекот на државата имаат Скопскиот регион со индекс 142.5, Југоисточниот регион со индекс 110.5, Вардарскиот регион 108.4 и Пелагонискиот регион со индекс 102.6. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на државата. Сликата беше слична и претходните години.
Слично
