Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕВЕРНО КОСОВО: Уште една српска финансиска институција e „пломбирана“

СЕВЕРНО КОСОВО: Уште една српска финансиска институција e „пломбирана“

Уште една српска финансиска институција e „пломбирана“ на северот на Косово 

„Денешниот претрес на косовската полиција во просториите на Управата за финансии – Народна банка на Србија во центарот на Лепосавиќ резултираше со запленување на она што косовските власти го дефинираат како „докази“, пишува KoSSev.

Како што кажа заменик-командантот на косовската полиција за северниот регион за Косово, Ветон Елшани, при претресот се запленети документи, печати, компјутери и пари, пренесува „N1“.

Главно се работeло за динари. Одговорното лице во оваа институција најверојатно ќе биде сослушано следната недела.

Објектот бил затворен набргу по завршувањето на претресот, односно собирањето „докази“.

Акцијата е спроведена по наредба на Судот во северниот дел на Митровица, а според полицијата е поврзана со истрага за „перење пари“.

Следеше три месеци по затворањето на филијалите на Управата за финансии во Косовска Митровица, како и на четири експозитури на Поштанска Штедионица – банка на северот на Косово.

Во исто време, на почетокот на минатиот месец косовските власти ги затворија сите девет филијали на Поштата Србија на северот на Косово.

фото: KoSSev

Слично

Поврзани вести