Економија, финансии, бизнис

Контакт

СЕВЕРЕН ТЕК 2 ГИ ОТПУШТА СИТЕ ВРАБОТЕНИ: Ќе стане ли реалност најавата на Меведев дека гасот ќе чини 2.000 долари?

СЕВЕРЕН ТЕК 2 ГИ ОТПУШТА СИТЕ ВРАБОТЕНИ: Ќе стане ли реалност најавата на Меведев дека гасот ќе чини 2.000 долари?

Операторот на гасоводот „Северен тек 2“, со седиште во швајцарскиот кантон Цуг, ги отпушта сите свои вработени.

Швајцарскиот министер за економија Ги Пармелин изјави дека 140 вработени се отпуштени.

Компанијата за денеска најави разговори со кантоналните власти.

Да потсетиме, суспензијата на Северен тек 2 беше една од првите мерки воведени како санкција кон Русија поради инвазијата на Украина. Дмитриј Медведев тогаш изјави дека поради тоа Европејците можат да плаќаат многу скап гас.

„Добредојдовте во новиот свет каде Европејците ќе плаќаат 2.000 евра за 1.000 кубни метри гас“, напиша Медведев на својот Твитер профил.

Што е „Северен тек“ 2

Зад проектот на гасоводот „Северен тек 2“ стои рускиот холдинг за гас „Газпром“, а во него се вклучени и германските компании „Унипер“ и „Винтершел“, француската „Анжи“, британската „Шел“ и австриската ОМВ.

Германија претходно го стопираше проектот за подморски гасовод чија цел беше удвојување на протокот на руски гас директно до Германија, откако Русија официјално призна два отцепени региони во источна Украина.

Енергетскиот проект вреден 11 милијарди долари, кој предизвика длабоки поделби во Европа, беше завршен во септември минатата година. Гасоводот не е пуштен бидејќи се уште нема добиено дозвола за работа од Германија и од Европската Унија.

Овој гасовод требаше да го диверзифицира снабдувањето со енергија на Европа, но наиде на противење од Вашингтон и во самата Европска унија. Противниците на проектот тврдат дека тој ќе ја зголеми зависноста на Европа од испораките на гас од Русија и ќе ја лиши Украина од транзитните такси, низ кои минува уште еден руски гасовод.

ФОТО: EPA/CLEMENS BILAN

Слично

Поврзани вести