Економија, финансии, бизнис

Контакт

Северен тек 1 од денеска без гас

Северен тек 1 од денеска без гас

Министерот за економија Роберт Хабек изрази страв дека Русија веќе нема да испорачува гас дури и по ремонтот.

Најважниот гасовод што ја снабдува Германија со руски гас, Северен тек 1, од денеска нема да работи поради ремонтот, како што најави претходно операторот, што ја зголемува вознемиреноста во Германија дека тоа може да значи целосно „затворање на чешмата“ пренесува агенцијата Танјуг.

Работите ќе траат 10 дена, до 21 јули, така што при ремонтот нема да има испораки на гас од Русија за Германија.

Министерот за економија Роберт Хабек изрази страв дека Русија повеќе нема да испорачува гас дури и по ремонтот. Веќе во јуни Русија значително ги намали количините што ги испорачува за Западна Европа, со објаснување за проблемот поради исчезнатата турбина.

Според податоците на Федералната мрежна агенција, Германија добивала само приближно 40 отсто од својот гас преку Северниот тек.

Најлошо сценарио

Германија добила помали количини гас и преку други гасоводи.

Властите во Берлин претпоставуваат дека исклучувањето на „Северен тек 1“ може да трае подолго од најавеното, можеби и до две недели. Сепак, постои поголем страв дека Северен тек може да остане без гас и по продолжувањето на работите.

Германскиот вицеканцелар и министер за економија Хабек рече дека го очекува најлошото сценарио.

„Се е можно, се може да се случи. Можеби ќе се испорача повеќе гас, повеќе од досега, но може да има и целосен прекин на испораките“, подвлече тој.


Слично

Поврзани вести