Сервис Петрол ги купи акциите од фабрика Карпош
„Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следната ценовно чувствителна информација:
Акционерот ГИМ АД СКОПЈЕ ги оттуѓи акциите во вкупен број од 224.000 обични акции и не е повеќе акционер во фабрика карпош ад скопје.
Сервис Петрол ДОО Скопје со стекна со 224.000 обични акции што претставува 74.89 % од вкупниот број на акции на друштвото“, се вели во соопштението.
Уделот беше продаден во блок-зделка вредна 62,7 милиони денари (1,2 милиони долари/1 милион евра) минатата недела.
Акционерскиот капитал на Фабрика Карпош е поделен на 299.112 акции со номинална вредност од 17,04 евра (20 американски долари) секоја.
Акциите на компанијата последен пат се тргуваа во редовно тргување на скопската берза на 9 декември, кога се сменија по просечна цена од 350 денари.
Александар Стефанов, сопственик на фабрика Карпош АД Скопје и ГИМ мајка фирма, минатата година беше гостин во поткастот „Бизнис муабети“ на Фактор. Тогаш тој рече дека фирмата е активна на пазарите надвор од Македонија, во Србија, Република Српска, Бугарија и уште неколку други држави.
Тогаш Стефанов рече дека фабриката Карпош АД Скопје годишно прави приход од скоро милијарда денари и дека имаат 350 вработени, но поради недостаток на работна сила, рече дека е принуден да носи работници од Бангладеш.
