Серверите на Тесла искористени од криминалци за „копање“ криптовалути
Тесла иако е една од најмоќните технолошки компании во светот не е имуна на сајбер напади. Безбедносната компанија RedLock открива дека сервери на Тесла на Амазон платформата биле „киднапирани“ од страна на сајбер криминалци кои преку заразување на компјутерската мрежа со штетен софтвер „копале“ критповалути.
Во извештајот е наведено дека серверите на Тесла биле користени за рударење на дигиталната валута Монеро која има вкупна пазарна вредност од 5 милијарди долари и е 12-та по ред според проценетата вредност.
Сајбер криминалците биле доста вешти во пласирањето на штетниот софтвер со тоа што успеале да украдат податоци за логирање, а потоа тивко и во позадина ја искористиле компјутерската моќ на серверите за копање на криптовалутата.
Допрва ќе се прават анализи кој стои зад овој тежок сајбер напад и колкава штета е нанесена.
