Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сервер: Важно е да има изборен систем во кој сите ќе веруваат

Сервер: Важно е да има изборен систем во кој сите ќе веруваат

Американскиот аналитичар и поранешен директор на Институтот за мир во Вашингтон Даниел Сервер за Програмата „Гласот на народот“ на ТВ Сонце ја коментира политичката ситуација во земјава која трае подолг период.

Тој смета дека прашањето за избори во Македонија, треба да се разбере како решение на политички проблем, и излез од кризата во кој се наоѓа земјата и јас верувам во тоа. Работата е што СДСМ тврди дека изборниот механизам не е подготвен за изборите што требаше да се реализираат на 24 април и на 5 јуни годинава, но сепак важно е да има избори и изборен систем во кој секој ќе верува.

Според него, „сите влади имаат опозиции и некогаш опозицијата е во граѓанскиот сектор. – Еве и ние поминуваме низ изборен период во САД. Има опозиција кон Обама и Конгресот од страна на Републиканците и затоа има опозиција која оди против Обама. Тоа се развојни процеси во демократското општество, особено кога се случуваат скандали со прислушкувања, затоа се случуваат и демонстрации, појаснува Сервер.

– Демонстрациите се дел од демократското општество коишто ги имаме секојдневно во Вашингтон. Некогаш тие се големи, а некогаш мали. Немам проблем со тоа што луѓето протестираат за да го искажат своето мислење, вели Сервер.
Тој смета дека Грција мора да ја почитува Одлуката на Меѓународниот суд на правада во Хаг.
 – Да, Грција ја има прекршено Одлуката на Меѓународниот суд на правдата. Неможе ниту една земја да направи нешто како што може тоа Грција да го направи., а тоа е да не го почитува словото на законот, односно законот и правдата. Таа не ја почитува одлуката на Меѓународен суд на правда, а која беше  во корист на Македонија. Едноставно Грција мора да ја почитува одлуката на Меѓународниот суд во Хаг, вели американскиот експерт за Балканот.
Слично

Поврзани вести