Економија, финансии, бизнис

Контакт

„СЕРИОЗНИ ПАРИ МОЖАТ ДА СЕ ВРТАТ ВО МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, САМО ЅВЕЗДИТЕ СЕ ЛИМИТ“: Во најновиот поткаст, „Бизнис муабети“ разговаравме со Огнен Оровчанец

„СЕРИОЗНИ ПАРИ МОЖАТ ДА СЕ ВРТАТ ВО МАКЕДОНСКОТО ЗЕМЈОДЕЛСТВО, САМО ЅВЕЗДИТЕ СЕ ЛИМИТ“: Во најновиот поткаст, „Бизнис муабети“ разговаравме со Огнен Оровчанец

Како се живее од продажба на семиња и ѓубрива и дали добро се заработува од земјоделие, во најновиот подкаст „Бизнис муабети“, на Фактор, разговараме со Огнен Оровчанец, сопственик на Агроунија, компанија за семенски производи и ѓубрива, која на пазарот е 35 години. 

Оровчанец е дел од оние македонски бизнисмени кои ги плетат успешните бизнис приказни во Македонија.


Компанијата е формирана во 1989 година, а годинава одбележува јубијелни 35 години постоење.

Оровчанец вели дека во земјоделството во Македонија се врат десетици па и стотици илјади евра, а за неговата компанија вели дека е сериозна.

„За 35 години не сум се обогатил лично, но фирмата е сериозна. Имаме магацин од 2.500 квадрати, дирекција, продавници, возен парк“, вели тој.


Дополнително тој вели дека добри пари се вртат од продажба на семиња и ѓубрива, но потенцира дека 40 проценти од пазарот припаѓа на сивата економија. 

На прашањето колку може да се заработи од земјоделство, Оровчанец вели дека само ѕвездите се лимит.


За успешноста на компанијата и за тоа колку заработува, тој додава дека заработката оди од два, три милиони па до пет, шест, а во минатото потенцира дека заработката била уште поголема.



Тој вели дека многу е тешко да се најдат работници.

„Нема луѓе за работа. Нема млади кои сакаат да работат. Бараме тракторсти не можеме да најдеме и за 50 илјади денари плата. Овчари оддамна нема дури и за 1000 и повеќе евра плата“, вели тој за поткастот „Бизнис муабети“.


Слично

Поврзани вести