Сериозен прогрес за специјален обвинител: пуста желба или реалност?
Денеска американско европските посредници одржаа средба како подготовка за новата рунда преговори. Не беа расположени за изјави што навестува долга и мачна ноќ за преговарачите.
Сепак, се очекува процесот дефинитивно да финишира со нов обвинител.
Како што јавуваат медиумите од партиите се очекува да го прифатат законското решение за специјален обвинител предложен од посредникот Хојте.
Не се исклучува еврокомесарот Јоханес Хан во Скопје да допатува и пред 18 септември како што првично беше најaвено , поради бавното спроведување на договорот од Пржино. Тоа би се случило доколку амбасадорите на САД и ЕУ Џес Бејли и Аиво Орав, не успеат да ги приближат позициите меѓу партиите“, велат извори за Фактор.
Како што дознава Фактор меѓу партиите постојат сериозни концепциски разлики, од тоа дали специјалниот јавен обвинител да функционира независно од Јавното обвинителство или овој нов орган да биде формиран како посебен оддел што бил бил во рамките на постојното Обвинителство.
Спорен е и бројот на заменици обвинители. Две солуции се во игра – Специјалниот обвинител самиот да определува колку заменици му се потрбни, како и непосредни истражители кои би биле под “негова” команда. Втора е повеќе дилема – како да се направат достапни доверливи податоци за финасиските текови, во земјата и особено во недопирливите финансиски оази. Дипломатите детектирале дека постојните безбедносни структури кои се под влијание на власта и се директни кадри на владејачката партија во МВР, УЈП, Агенцијата за разузнавање и Финансиската полиција, добиле директива да ја опструираат истрагата за индициите или фактите околу делата што се детектирани со прислушувањето.
Утре истекува рокот за избор на обвинител.
Слично
