Сериозен дефект на државниот авион, Иванов не замина на Олимпијада
Шефот на државата Ѓорге Иванов сепак не отпатува за Сочи на отворањето на Зимските олимписки игри. Иако беше најавено дека Иванов од трибините ќе го следи стартот на Олимпијадата, тој сепак остана дома бидејќи бил забележан сериозен дефект при стартувањето на моторите на државниот авион.
Дефектот бил забележан непосредно пред полетувањето, кога претседателот, неговата сопруга, членови на претседателскиот кабинет и обезбедувањето веќе биле во авионот.
Леталото од типот Лир-џет беше набавено како државен авион во мај 2005 година, во замена за кингерот во кој загина поранешниот претседател Борис Трајковски. Новиот авион ги поминува сите технички проверки, но досега веќе имаше неколку инциденти предизвикани од дефекти.
Иванов во Сочи требаше да присуствува на отворањето на Олимписките игри вечерва, но и на коктелот што го организира рускиот претседател Владимир Путин, а потоа требаше да продолжи во официјална посета на Москва. Сепак, тој во Москва ќе оди, но со комерцијален лет, а не со службениот авион.
Слично
