СЕРИЈАТА ЗЕМЈОТРЕСИ НЕ ПРЕСТАНУВА: 4,5 по Рихтер го испаничија Крит, се скокало наоколу
Мештаните на островот Крит се испаничија утринава кога серија земјотреси го поместија земјиното тло.
4,6 степенски земјотрес 45 минути по 10 часот по грчко локално време е забележан на сеизмичките центри а погоден е југозападниот регион на Крит.
Центарот за објавување и предупредување од земјотреси ЕМСЦ јавува дека потресот бил на два км длабочина.
Според изјавите на сведоците, кои се јавуваат на сајтот на ЕМСЦ, потресот траел околу две минути.
-Се тресеше цела куќа, се наоколу скокаше-рекол еден сведок.
Тлото на Балканот не се смирува со денови по смртоносниот земјотрес кој ја погоди Албанија, минатата недела и во кој животите ги загубија 51 лице.
Прочитајте и ...
ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО АЛБАНИЈА: Зошто зградите од земјотресот се урнаа како кула од карти?
