Сепак ќе се гради Загреб на Сава – проект вреден 1,4 милијарди евра
Српската влада во неделата потпиша со инвеститорите од Обединетите Арапски Емирати договор за изградба на стамбено-бизнис комплекс Белград на вода, вреден 3,5 милијарди евра, кој ќе се простира на 177 хектари со брегот на Сава.
Хрватска пак го има проектот Загреб на Сава, кој е вреден околу 1,4 милијарди евра. Го актуелзираше поранешниот потпретседател на владата Радими Чачиќ уште во 2012 година, а тогаш ветил дека целиот овој проект ќе биде готов до 2020 година, пишува Вечерњи лист.
Два различни проекти
Тогаш се говореше за изградба на бизнис и стамбени граадби на двата брега на Сва во Загреб, но и за изградба на комплекс на Владини згради.
Но освен што во белградскиот и загребскиот проект се работи за големи инвестиции на брегот на Сава и што називите им звучат слично, сепак се работи за два целосно различни проекти.
Загреб на Сава, имено, е проект покренат пред се поради решавање на проблеми со водоводот, одбрана од поплави, заштита на околината и користење на хидроенергетски потенцијали на токот на Сава.
Целата сторија може да ја прочитате тука.
