Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сензационален промет од 11 милиони денари остварен вчера на Македонска берза

Сензационален промет од 11 милиони денари остварен вчера на Македонска берза

Сензационален промет од над 11 милиони денари беше реализиран во вчерашното тргување на Македонска берза.

11.476.726,41 денари промет е остварен преку 62 трансакции и истргувани 47.836 акции.

Најтргувана акција беше акцијата на Комерцијална банка. Прометот кој беше остварен со  учество од одлични 32,25 отсто во вкупниот промет е околу 3,7 милиони денари.

На оваа листа се најде и акцијата на РЖ Услуги Скопје со која беше остварен промет од 1,980 милиони денари.

Најголем раст на вредноста од фантастични 93,70 отсто забележа акцијата на 7-ми Ноември Гевгелија, а висок пораст од 50 отсто на вредноста забележа и акцијата на Транскоп патнички сообраќај Битола.

Што се однесува до индексот на МБИ10 тој ја намали вредноста за 0,98 отсто и достигна 2.148,57 индексни поени.

ОМБ пак регистрираше позитива и ја заврши вредноста од 127,60 индексни поени.

Слично

Поврзани вести