Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сенди го раздвижи пазарот на недвижности во Њујорк, се бараат евтини станови

Сенди го раздвижи пазарот на недвижности во Њујорк, се бараат евтини станови
Иако ураганот Сенди нанесе сериозни штети на Њујорк, многу њујоркчани, но и оние кои сакаат да се доселат во овој град се подготвуваат да излезат на „лов за станови“, информира компанијата за недвижности „The Real Deal“. Мајкл Чадуик, агент за недвижен имот во „Bond New York“, вели дека расте бројот на оние кои се јавуваат за разгледување на станови во последните два дена. „Луѓето мислат дека тука конкуренцијата е толку голема, што би требало да го искористат и ураганот за да пронајдат апартман по поевтина цена, доаѓаат во Њујорк и  покрај фактот што во градот имаше зголемена степен на тревога. Имаме ураган. Наместо да размислуваат за опстанок, луѓето мислат за недвижности ", вели Чадуик.
Слично

Поврзани вести