Економија, финансии, бизнис

Контакт

Сенатот заседава за студентските избори

Сенатот заседава за студентските избори

Универзитетскиот Сенат денеска ќе одржи вонредна седница на која ќе се преиспитува присуството на студентски претставници во сите тела на УКИМ и ќе се разгледаат случувањата од студентските избори.

Според Статутот на УКИМ, Ректорската управа и Сенатот немаат правна можност за поништување на студентските избори.

Студентскиот пленум смета дека ниту Парламентот, ниту Пленумот немаат капацитет сами да спроведат избори. Од студентски пленум сметаат дека универзитетските власти треба да добијат ингеренции за поништување на изборите, затоа што така ќе се утврди легитимитетот на студентските претставници.

Во меѓувреме се формирани комисии за истражување на случувањата за време на изборот на нов претседател на Студентскиот парламент на УКИМ, како и за промени во Статутот.
Слично

Поврзани вести