Економија, финансии, бизнис

Контакт

Семејството во шок: Во Косово тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење

Семејството во шок: Во Косово тело на мртво бебе по грешка ставено во машина за перење

Против гинеколошкото одделение на Општата болница во Пеќ, Косово е покрената истрага, откако било откриено дека некој од одделението по грешка го ставил телото на мртвото бебе во машината за перење. Телото на детето било извадено од машината за перење на парчиња, пишува Косово-онлајн.

Случајот го потврди и косовската полиција, која соопшти дека истрагата ја водат Државното обвинителство и Здравствениот инспекторат.

„За случајот што се случи во Регионалната болница во Пеќ била известена полицијата и веднаш излегла на местото на настанот, државниот обвинител исто така. На лице место излегле и здравствени инспектори. Случајот го истражуваат државниот обвинител и здравствените инспектори“, соопшти полицијата.

Таткото на бебето вели дека болницата не сакала да го предаде телото

Извори од болницата во Пеќ велат дека болницата по секоја цена се обидува да го прикрие случајот и дека се врши притисок врз персоналот да не излезат информации од болницата. Косово-онлајн пишува дека дури се обидуваат вината да ја префрлат на собарките, за да не излезе во јавноста името на медицинскиот персонал од гинекологија.

Таткото на бебето вели дека случајот го шокирал неговото семејство и дека инцидентот излезе на виделина кога болницата одбила да го предаде телото на бебето. Татко не престанал да се обидува да ја дознае вистината за своето мртво дете, но бил шокиран кога ги видел останките на бебето откако го извлекле од машината за перење


Слично

Поврзани вести