Семејството потврди – пронајденото тело е на Дениса
Семејството на Дениса Маркоска ги прими резултатите од повторената обдукција - телото пронајдено во близина на грчкиот остров Карпатос навистина е нивната ќерка, која исчезна кон средината на септември додека работеше на брод во Егејско Море.
Обдукцијата во Институтот за судска медицина во Скопје го потврди идентитетот на младата девојка, но исто како испитувањата направени претходно во Грција, не даде повеќе одговори за тоа како настапила смртта.
Со ова, нагаѓањата за судбината на Дениса завршија, иако се уште останува енигма како починала девојката. Дениса исчезна од бродот Серенисима, каде што работеше. По неколкунеделна потрага, грчките власти пронајдоа безживотно тело за кое ДНК анализата потврди дека е младата прилепчанка.
Девојката последен пат била видена на палубата на бродот, каде што пушела цигара и кажала дека ќе оди да си легне. На вработените на бродот им биле потребни неколку часа за да откријат дека ја нема, а потоа бродот продолжил да плови до пристаниште за да ги остави патниците пред за исчезнувањето да бидат известени грчките власти.
Поради мистериозното исчезнување, во потрагата по Дениса се вклучи и Интерпол.
Слично
